Саша Поповиќ ја загрижи јавноста: По здравствените проблеми видно ослабен и без коса
Познатиот креативен директор на „Град“, Саша Поповиќ уловен е од српските папараци пред неговата куќа на Бежанијска коса. Тој во моментов се опоравува, откако замина на лекување во Франција.
Познат по енергичниот настап и харизмата, на ексклузивните фотографии направени од српскиот поратл Република изостанувапрепознатливата насмевка. Косата ја сокри под капа, а забележливо е дека гардеробата му е многу поширока, што укажува дека ослабел.
Како што сега дознавме, Саша Поповиќ пред неколку дена ги вратил колегите кои дошле да го изненадат пред куќата на Бежанијска коса, се затоа што според советите на лекарот му било предложено да не излегува премногу меѓу луѓето со цел да не закачи некој вирус или да настине.
- На Саша му се јавија колегите кои со автомобил дојдоа пред дворот. Сакале да го изненадат, но тој рекол дека не излегува надвор од дворот. Тие не го знаеја тоа, а пред договорот со лекарите по прегледот беше таков што тој не излегуваше меѓу луѓето и остануваше дома што е можно повеќе, додека не се уверат дека имунитетот му е доволно силен за да може да се движи. Нормално после сите терапии - изјавил инсајдерот за Република. Дополнително открива изворот:
- На крајот Саша излегол во дворот, ги повикал колегите и ги поздравил, па им рекол дека наскоро ќе се види со сите, кога ќе се консултира со лекарите и кога се ќе биде како што треба.
Инаку, фотографиите на Саша Поповиќ пред неговата куќа неодамна го привлекоа вниманието на јавноста бидејќи на нив јасно се гледаше дека ослабел поради болеста. Овој познат музички продуцент, кој со децении е присутен на локалната сцена, изгледа многу послабо отколку што луѓето се навикнати да го гледаат.
Српската ѕвезда Јелена Карлеуша во поткастот кај Стефан Лазаров проговори и за здравствената состојба на Поповиќ и истакна дека тој е многу болен.
- Саша е болен. Не знам дали е до мене да зборувам јавно за да не ми замери, но многу е болен. Мислам, погодувате за што се работи – рече Карлеуша во подкастот.
Извор: Republika.rs