Сашо од Македонија победник на „Никогаш не е доцна“: „На мајка ми ѝ е многу криво што не се оженив, можеби тоа сега ќе се смени“

Добивај вести на Viber

Сашо Башески од Македонија победник со најголем број на СМС гласови

Македонецот Сашо Башески освои дури 6087 СМС гласови во натпреварот „Никогаш не е доцна“. По победата во интервју за „Блиц“ тој изјави дека жали само за едно - што не се оженил, но можеби тоа сега ќе се промени. 

- Чувството е феноменално, ова не го очекував ниту во соништата. Дојдов да покажам што имам во однос на пеењето, не се надевав на награда. Најголема поддршка имав од моите Македонци, но и сите на кои им се допадна мојата песна. Ова е повеќе од сон - рече Сашо, а потоа додаде:

- Никогаш не е доцна за брак, веќе почнувам да размислувам за тоа. Емисијата „Никогаш не е доцна“ ми отвори нови познанства, пријателства и нови можности. 

Мајката на Сашо добила мозочен удар по една емисија на „Никогаш не е доцна“, па натпреварувачот размислувал да се откаже.

- Ги надминав тие моменти бидејќи мајка ми почна да закрепнува, многу брзо. Многу сакав да се откажам, немав сила за ништо. Ми недостигаше вечерва, но знам дека ме следи дома и навива за мене. Сега таа е радосна и среќна. Сите се победници вечерва, не само јас – рече Сашо. 

Инаку, емисијата „Никогаш не е доцна“ има тројца победници, победник на гласови на Фејсбук, победник на СМС гласови и победник од стручно жири.


Фото: Screenshoot /grand online - видео