Сè додека не се разведов - не знаев колку е убав животот: 7 лекции од разведена жена
За повеќето луѓе, кога ќе се спомне развод, поминуваат морници по нивното тело. Особено затоа што во нашиот долгогодишен менталитет , разводот е многу осудувана работа.
Некои сè уште живеат во минатиот век, каде што жената мораше да молчи и да страда, што и да ѝ правеле.
Мора да разберете, понекогаш разводот е спас од пропаст. Што се однесува до мене, моите родители ме воспитуваа на патријархален начин и можам целосно да разберам зошто некои жени всушност трпат будала покрај себе. Сепак, би сакала да им кажам неколку работи:
1. Држете се настрана од злото ако злото не се трга од вас
Кога ќе видите дека некој ве води кон уништување, подобро е навреме да го повлечете рачната кочница и да ставите во рикверц. Патот назад е бавен и тежок, но е ефикасен.
2. Сочувајте се себе си
Грижете се за себе, многу сте се грижеле за другите. Разводот нека ви биде лекција, дека вие сте најважната личност во вашиот живот. Џабе ви се кули и згради ако, не дај Боже, станете психички нестабилна или со лошо здравје.
3. Не дозволувајте некој да ви држи предавања
Доволно си паметна што никој не може да ти „попува“. Подобро е да бидете малку груби со луѓето отколку да им дозволите да бидат груби со вас. Затоа што народот е таков, ако си груб кон него ќе те почитува, ако не си ќе те гази.
4. Бракот не е решение за успех
Многумина сметаат дека сите проблеми ги решаваат со брак. Сепак, дури кога ќе видат подобро сфаќаат дека проблемите штотуку се појавиле.
5. Ценете го добриот човек
Ако сте имале среќа и сте налетале на добра личност, тогаш знајте и ценете го тоа. Не дозволувајте да бидете причина за проблем. Затоа што во денешно време е многу тешко да се најде добар човек.
6. Разводот понекогаш е идеална опција
Додека не се разведов, не ни знаев колку е навистина убав животот. Сега имам мирна глава, немам кој над мене да ми кажува нешто за секоја ситница. Во бракот треба да има мир и тишина, а не постојана врева и препирки.
7. Се плашите од депресија по разводот
Не ти треба тоа. Никој што бил лош со тебе не заслужува да страдаш поради него. Само сети се низ каква болка си поминала со него, а потоа запрашај се дали тој вреди твоите солзи?
Автор на текстот: Е.Т