Се бара гласот на Биби!
Новиот портал деца.мк објави отворен кастинг за гласот на Биби, заштитниот лик на порталот. Кастингот е отворен за сите кандидатки што можат да имитираат детски глас. Професионално глумечко искуство е пожелно, но не и задолжително, пишува Факултети.мк.
Биби е динамично, љубопитно, интелигентно и игриво девојче со кое македонските деца ќе можат истовремено и да учат и да се забавуваат. Сведоци сме дека поради недостиг од ваков тип материјали достапни на мајчин јазик, нашите деца денес подобро зборуваат англиски отколку македонски.
Првата фаза на кастингот ќе се врши преку интернет. Сите заинтересирани актерки треба да се пријават на адресата info@deca.mk, по што ќе им биде доставен краток текст од кој понатаму ќе треба да пратат аудиоснимка од нивната интерпретација на Биби на истата адреса.
Во втората фаза ќе биде извршена потесна селекција на кандидатите, кои ќе бидат викнати на разговор и кастинг во живо, по што ќе бидат објавени и резултатите од конкурсот.