„Се беше толку магично, тие први месеци кога се роди“: Најстариот син на Катарина и Давид Бабунски наполни 5 години (ВИДЕО)

Катарина и Давид Бабунски го прославија роденденот на својата прва љубов, синот Елисеи кој наполни 5 години.  Во пријатна домашна атмосфера, со торта од палачинки и боровинки, Елисеи ја дувна свеќичката и си посака желба.

Оој прекрасен момент беше овековечен, а видеото на својот инстаграм профил го постави Катарина, а под него објави посебна емотивна порака.


Катарина и Давид имаат уште две дечиња, Лиам и Алина.


Фото: Instagram/katarinababunski