СЕ БИРА НАЈУБАВО ЗНАМЕ: Македонското е на 11 место, но уште се гласа

На изборот за најубаво знаме на светот на кое учествуваат 250 држави, македонското знаме во моментов се наоѓа на 11-тото место. На првото место се наоѓа знамето на соседна Србија, а на четвртото, знамето на поранешна Југославија.

На порталот Ranker, гласањето се‘ уште не е завршено, а во топ 10 од земјите во регионот се наоѓа и знамето на Република Хрватска.

Доколку сакате нашето знаме да се искачи уште некое место погоре или се согласувате дека имаме шанси за првото место, кликнете тука и гласајте.