„Се боцкам во стомак за да ослабам“: Српската пејачка призна како се бори со вишокот килограми
Јана Тодоровиќ на медиумите им откри со какви методи слабее.
Имено, таа истакна дека не е поддржувач на теретана и здрава исхрана, туку дека користела инјекции кои се вбризгуваат во стомакот, поточно лекот „Оземпик“ кој и помогнал да ослабне.
- Ослабев неколку килограми, можеби седум, осум, што е многу за мене. Да бидам искренa, прво ги користев оние инјекции што ги вбризгуваш во стомакот еднаш неделно. Секогаш сум искренa, од небо, до ребра. И после тоа пиев апчиња. Го губам апетитот со нив. Среќна сум како изгледам сега - вели Јана и открива што и кажува сопругот кога ќе се здебели:
-Мојот сопруг сака да бидам првенствено здрава и му се допаѓам кога сум послаба. Се разбира, не ми дозволува да ги пијам тие апчиња. Тој вели: „Те молам, не се труј, не ги земај тие инјекции“. Сака природно да ослабнам, но немам време за диета и спорт – изјави пејачката за „Република“.
Додала и дека не е голем љубител на теретаните.
- Јас сум за теретана, но некако ми е полесно кога можам да го одработам тренингот дома. Одвреме-навреме ме фаќа период кога закажувам 30 - 40 тренинзи за два месеци, а потоа паузирам една година - изјави Јана за „Гранд“.
Да потсетиме, лекот „Оземпик“ се користи во лекувањето на дијабетес тип 2, но многу јавни личности го злоупотребуваат и го користат за слабеење. Неовластена употреба на лекот може да доведе до сериозни последици за телото, како што се акутно воспаление на панкреасот, нарушувања на срцевиот ритам, анафилактична реакција и многу други.