Се борев шест години, едвај преживеав: И Маја Николиќ поминувала низ пеколот низ кој сега минува Тања Савиќ

Пејачката Тања Савиќ веќе неколку месеци минува низ агонија, откако нејзиниот сопруг без согласност ги однесе синовите во Австралија. Пејачката ги извести надлежните институции во Србија, но и во Австралија и доби поддршка од сите страни, сепак се' уште и е оневозможено да биде со децата.

Пејачката Маја Николиќ, колешка на Тања откри дека поминала низ речиси идентичен пекол.

- Слушнав што се случува со Тања. Таа мора да реагира што е можно побрзо, да се обрати до надлежните органи. Сигурна сум дека нашите власти ќе и' помогнат колку што можат.
Минував низ пекол шест години, бев упорна, се борев како лавица, едвај преживеав и сега сум единствен старател на моите деца, а таткото може да ги гледа еднаш месечно во центарот за социјални работи - изјави пејачката Маја за Alo.

извор:blic.rs

Сека Алексиќ во одбрана на Тања Савиќ: Каков родител ги одзема децата од мајката