Сека Алексиќ во одбрана на Тања Савиќ: Каков родител ги одзема децата од мајката

Добивај вести на Viber

Случајот со српската пејачка Тања Савиќ ги шокираше многумина, бидејќи, по неколкумесечни шпекулации во медиумите, таа конечно призна дека нејзиниот сопруг ги однел децата во Австралија без нејзино знаење, а сега целата ситуација зазеде драматичен пресврт.

- Мои најголеми љубови. Правам се за да можам да ве прегрнам. Јас сум личност која остро ја осудува неправдата. И секоја направена штета не може да помине неказнето. Поминаа 5 дена откако последно го слушнав нивниот глас! Кога контактирам со семејството, сите ме игнорираат. Каде ќе оди нивната душа. Ако се обидам повторно да се јавам, тие ме блокираат. Не е ни чудо што Корона им се случува на луѓето, сè е отидено во пропаст. Не можам да молчам повеќе. Нека знаат сите што ми сторија! - напиша Тања на социјалните мрежи.

Нејзината приказна ја допре нејзината колешка Сека Алексиќ толку многу што почувствува потреба да објавуви на Инстаграм, споделувајќи го постот на Савиќ со описот:

- Господи помилуј! Што друго можам да кажам… Драга Тања, не се откажувај! Каков родител ги одзема децата од својата мајка?! Ти си одлична мајка, добар човек и пример за добрина. Срамота е ова што го доживуваш!