Сѐ е полесно кога можам да купувам од дома

Дали знаевте дека на почетокот на пандемијата, кога целиот свет беше затворен дома, Амазон, како едно од најпознатите онлајн продавници на глобално ниво, се соочи со огромен број на онлајн нарачки. Тоа уште еднаш докажа, дека онлајн шопингот, е најбрза и најлесна опција за купување како во светот, така и кај нас.

Уште еден доказ за ефикасноста на онлајн шопингот во Македонија, покажува порастот од дури 15.5%, согласно резултатите направени од страна на Државниот завод за статистика, во минатата 2021 година. Интересен е фактот, што повеќе од 80% од нарачките кај нас, биле кон домашни продавници. Делумен виновник за тоа е секако пандемијата, која ни го наметна овој начин на купување, но којшто веќе е прифатен како нешто практично, корисно, интересно, па дури и забавно.

Водејќи се по светските трендови, Минисо, за македонските фанови и потрошувачи го претстави својот нов модерен веб шоп, а со истото, производите во разновидни категории, инспирирани од јапонската мода и животен стил, веќе се достапни да влезат во сечиј дом на брз и едноставен начин.

Иако едно од најголемите табуа за онлајн шопингот е нивото на недоверба при онлајн плаќањето, сепак, купувачите секогаш имаат и втора опција, односно плаќање при подигнување на пратката. Тоа уште еднаш значи, дека правата на купувачите се заштитени и секогаш на прво место, а плаќањето онлајн во склоп на веб продавницата на Минисо е безбедно со цел овозможување комфорно и пријатно онлајн шопинг искуство и целосна заштита на личните податоци.

Веб шопот е активен од почетокот на месец март, а Минисо во соработка со Marvel, Mickey & Friends, We Bare Bears, Coca-Cola, Walt Disney и многу други, нуди разновидни производи за саканите и за сите оние кои не го изгубиле детето во нив. Но, тоа не го оспорува фактот, дека Минисо освен играчки за деца, има богата колекција на производи за секого.

Само со еден клик на https://minisomacedonia.com.mk/, омилените производи за нега, парфеми, чанти и аксесоари, и уште многу други производи за сите, се веќе еден чекор поблиску до вас.


ПР објава