Се гордеам со Христина: Сопругата на Димитар Андоновски изгледа како модел

Пејачот Димитар Андоновски во повеќе наврати има изјавено дека е горд на својата сопруга Христина. Таа беше една од најатрактивните гостинки на свадбата на менаџерот Кристијан Стефановски и неговата сопруга Ана, на која гости беа многу пејачи од екс-југословенската и од македонската естрада. Гостите коментираа дека Христина изгледа како модел. 

Христина е наставник по историја и заедно со синот Михаил, кој има две ипол години живеат во Битола. 

„Христина и јас сме заедно речиси пет години. Среќен сум што ја имам за жена затоа што во денешното модерно време кога сите вредности се изгубени реткост е, но и и дар од Бог да имаш вистински човек покрај себе. Му Благодарам на Бога што ни го подари најпрекрасниот син на светов. Михаил ми го промени комплетно животот, се чуствувам исполнет, среќен и сфатив дека ништо друго на светот не е поблагословено и повредно од семејството“, ни изјави Димитар.

Димитар со сопругата и синот 

Пејачот кој настапува со бендот „Тајфата“, вели дека синот уште од покажува љубов кон музиката. 

„ Секој ден му е исполнет со музика, со песни кои што ги пее. И се надевам дека ќе сака да ја изучува, да ја негува кога ќе порасне. Ќе бидам среќен ако стане музичар бидејќи сепак се работи за благородна професија“, додаде Димитар. 

Пејачот и композитор има уште една голема причина за славење. Тој доби награда за најдобра музика на 54. издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Успехот на Андоновски доаѓа музиката што ја напиша за две претстави, На отворено“ од театарот „Комедија“ и „Пиреј“ на Прилепскиот театар.

Денес сум посебно среќен.Денес му благодарам на Бог и славам дупла среќа.Денес добив признание за мојата работа во театар и тоа за двата проекти на кој работев годинава.,,На отворено"во соработка со Театар Комедија и,, Пиреј“ во соработка со Прилепски театар.  Чест ми беше да правам музика и да соработувам со луѓе од кои секојдневно собирам искуства, но и црпам инспирација..Сакам јавно да им се заблагодарам на режисерите Андреј Цветаноски и Љупчо Ѓорѓиевски за укажаната доверба и чест да ја компонирам музиката за претставите, но и на директорот на Театар Комедија Сашо Ристовски и претпоставените на театарот„Војдан Чернодрински“ од Прилеп за укажаната доверба и чест да соработувам со нив.Ова е заеднички успех на сите нас, на сите соработници и силно посакувам и во иднина да бидеме вака плодни, полни со нова енергија, да создаваме театар и да чекориме кон заеднички успеси-, изјави Димитар. 

(М.Џ.)

Фото: В.Тануровски