Се мажи Данијела Мартиновиќ? Пејачката се огласи, па ги откри сите детали
Навистина сум среќна, нема што да се додаде или одземе од тоа“, изјави пејачката
Раскинувањето по две ипол децении врска на Данијела Мартиновиќ и Петар Грашo ја потресе целата јавност, за која тие двајца беа симбол на вистинска љубов.
Грашо набргу ја најде среќата покрај Хана Хуљиќ, која му ја подари ќерката Алба, што дополнително налути многумина, додека целосна поддршка добила Данијела. Може да се каже дека ова раскинување ја подели јавноста.
Но, наскоро среќна вест можеше да се слушне и од Данијела, која среќата ја нашла покрај Јосип Плавиќ, криминален инспектор кој го запознала пред една година кога пејачката преку Интернет поднела пријава за кражба на идентитет.
- Случајот брзо беше решен, а потоа почна да се развива нашата приказна. Сѐ започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Кога се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи за животот и светот околу нас, дури и некои соништа – изјави неодамна таа за хрватска Глорија.
Беа видени прегрнати и среќни, се зборува дека врската ја подигнале на повисоко ниво, а шпекулациите се разгореле кога на нејзината рака блеснал бисерен прстен, а фановите веднаш помислиле дека пејачката се мажи.
-Прстенот е подарок, но нема да откријам од кого е, нека биде тајна - изјави неодамна Данијела.
Данијела не крие дека е исполнета и среќна.
-Има институции и правила, но секогаш постои личност, онаа, која ќе ни подаде рака и поради која животот ќе ни оди во сосема друга насока. Навистина сум среќна, нема што да се додаде или одземе од тоа - открила таа за далматинскиот портал.