Се мажи најзгодната жена на планетата: Никол Шерцингер му кажа „ДА“ на 7 години помладиот партнер

Никол и Том се зближиле благодарение на шоуто „X Factor: Celebrities“ кое се емитуваше на ITV во 2019 година

Пејачката Никол Шерцингер официјално се омажи со рагбистот Том Еванс (37), кој е седум години помлад од неа .

Веста офцијално ја потврди самата Никол кога на Инстаграм постираше две фотографии под кои напиша „Кажав ДА“.Никол и Том се зближиле благодарение на шоуто „X Factor: Celebrities“ кое се емитуваше на ITV во 2019 година

Во шоуто, Никол беше член на жириската комисија, додека Том беше натпреварувач во импровизацискиот бенд наречен Try Star, заедно со колегите рагбисти Леви Дејвис и Бен Фоден.


Иако групата не успеа да ги импресионира гледачите, Том го привлече вниманието на Никол и гледачите беа запрепастени кога го видоа парот како флертува во шоуто.

Но, дури во јануари следната година ја започнаа својата романса и оттогаш ги воодушевуваат фановите со објавите од нивниот гламурозен заеднички живот кои ги споделуваат на социјалните мрежи.


Foto: Instagram официјален профил Никол Шерцингер


Божицата на убавината чекореше самоуверено по улицата како да го освоила светот: А потоа доживеа срам од невидени размери