Се огласи и Сале Тропико: Бурно реагираше на прашањето за блискоста помеѓу неговата поранешна сопруга и Марија Шерифовиќ
Пејачот Сале Тропико во петокот беше гостин на еден настан во српската престолнина, а по тој повод проговори и за бројни теми од својот приватен живот.
Имено, пејачот, помеѓу останатото, проговори и за блискиот однос на неговата поранешна сопруга Јована Пајиќ и пејачката Марија Шерифовиќ и шпекулациите дека за крајот на нивниот брак е виновна токму Марија.
„Немам коментар за тие глупости. Секако дека сум во контакт со Јована, но е многу глупаво да се пишуваат тие работи“ - кажа пејачот.
„Не се потресувам и не гледам на таа страна, бидејќи таа страна е непотребна на било кој“ - додаде тој, а како што пишуваат медиумите, според неговите гестикулации ова прашање воопшто не му годело.
За потсетување, познато е дека Јована Пајиќ и Марија Шерифовиќ се блиски пријателки уште пред неколку години и од тогаш секој слободен момент го поминуваат заедно, се дружат, забавуваат, па и патуваат заедно, а неодамна беа уловени и додека беа на шопинг во Верона.
фото: Принтскрин / Инстаграм