Се огласи мајката на Бјанка по скандалозните пораки на Канје Вест: Со една реченица кажа што мисли за контроверзниот зет

Добивај вести на Viber

Мајката на Бјанка Сенсори, Александра, за прв пат е видена во јавноста откако се дозна за пораките кои контроверзниот рапер Канје Вест и ги праќал на својата сопруга, а во кои ја споменува. Канје наводно и напишал на Бјанка дека сака да има интимни односи со нејзината мајка, за што Александра сега коментирала.

„Не сакам да се мешам во нивните глупости“, кратко изјави Александра.

Инаку, Канје Вест неодамна беше обвинет за сексуално вознемирување од неговата поранешна лична асистентка Лорен Пишот. Деновиве таа ја промени тужбата и рече дека раперот ја дрогирал и сексуално ја нападнал.

„Тужителот чувствуваше сè помалку контрола врз своето тело и говор, по што повеќе не се сеќава на ништо“, се вели во тужбата. Таа исто така изјавила дека ден откако се разбудила „физички многу лошо и збунета“ и рекла дека чувствувала срам и непријатност бидејќи не можела да се сети на деталите од таа ноќ. Таа истакна дека дури години подоцна дознала дека наводно била сексуално злоставувана.


Набрзо се дозна дека Канје и напишал на сопругата Бјанка дека сака да спие со нејзината мајка. „Сакам да ја... мајка ти пред да замине“, наводно и напишал тој.

Инаку, медиумите неодамна објавија дека таткото на Бјанка Сенсори сака да разговара со Канје за да разбере што се случува меѓу него и неговата ќерка. Родителите наводно се згрозени од тоа како нивната ќерка се појавува во јавноста.

Како и многу други, родителите на Бјанка веруваат дека Канје манипулира со неа и дека тој стои зад нејзините облекувања и скандалозни јавни настапи. Да потсетиме, парот предизвикува контроверзии каде и да се појави, а тоа е случај од 2022 година и денот на нивната венчавка, која законски не беше призната, иако подоцна се појавија информации дека парот има официјална потврда дека се во брак.