Се огласи турската актерка за која сите пишуваа дека го изгубила животот во страшниот земјотрес: Џансу Дере откри зошто се повлекла од јавноста

Турската актерка Џансу Дере се огласи откако нејзините обожаватели, но и медиумите се посомневаа дека го изгубила животот во страшниот земјотрес, кој ја погоди нејзината земја пред повеќе од еден месец.

Иако порано се појави видео на кое се гледа како таа им помага на настраданите по земјотресот, многумина и понатаму стравуваа, бидејќи актерката ниту во еден момент не се огласи на социјалните мрежи. Таа сега за „CNN Turk“ објасни дека некое време ја немало во јавноста, затоа што ја повредила петата, па заздравувала дома.

„Не ми беше намерата да загрижам и уплашам некој. Не сум некој кој многу ги користи социјалните мрежи. Инстаграм ми служи како албум во кој ги споделувам своите среќни моменти“ - кажа ѕвездата на турската серија „Езел“.

Актерката е родена во Анкара, а нејзиниот татко е имигрант од Бугарија. Откако дипломирала, се посветила на моделингот и ја освоила титулата „Мис на Турција“, што ѝ ги отворило вратите за улоги во популарните телевизиски серии.