Се омажи мајката на Викторија Лоба: Пејачката во син фустан како останатите деверуши

Атрактивната русокоса и позната пејачка Викторија Лоба во нежно син фустан блесна на свадбата на нејзината мајка. 

Татјана Луговаја, мајката на Лоба судбоносното „ДА“ го кажа во нашиот туристички бисер, Охрид, во црквата Света Софија.

Невестата плени во нежна венчаница, а интересени и уникатни се и деверушите на невестата кои носат нежно сини фустани, а таков носи и Викторија. 

Инаку, Лоба често споделува заеднички фотографии со нејзината мајка, па пред неколку дена пејачката се пофали дека двете заедно пешачат до Водно.


Фото: Инстаграм