(ФОТО) Како да се сестри, заедно пешачат до Водно: Викторија Лоба е убава на мајка ѝ

Пејачката Викторија Лоба, секогаш атрактивна и во топ форма, плени со својата убавина. Ако се прашувате кој е заслужен за тоа, судејќи по фотографиите сигурно може да се забележи дека „главни виновници“ се гените.

Лоба е иста како мајка си, Татјана Луговаја. Тие често пати споделуваат заеднички фотографии и се одлична двојка. Ако некој не ги познава, тешко би направил разлика која е мајката, а која ќерката.

Овој пат тие се искачуваа заедно до крстот на Водно.

- Најголем ќеф ми е првото утринско кафе да го испијам со мајка ми - откри своевремено Лоба за Женски Магазин и потврди дека мајката е најдобра пријателка на ќерката.