Се омажи Нина Сеничар: Први фотографии од бајковитата свадба, невестата блеска во венчаница од соништата, а младоженецот во интересен костум

Нина Сеничар и Џеј Елис својата долгогодишна врска ја крунисаа со брак

Српската актерка и модел, Нина Сеничар (36) пред неколку дена во Тоскана му го кажа судбоносното „да“ на својот долгогодишен партнер Џеј Елис (40), американски актер, со кого има заедничка ќерка.

Вчера Нина ја објави првата фотографија од венчавката, а судејќи по неа свадбата била како од бајките. Таа е облечена во убава, едноставна, бела венчаница без раменици со шлиц на десната страна. Младоженецот црниот смокинг, кој обично се избира, го замени со интересен бордо костум.


- 9 јули 2022 година... Засекогаш! – напиша Нина во описот на објавата на Инстаграм.

Американскиот магазин „Вог“ на својот Инстаграм профил сподели нивна заедничка фотографија од свадбата со опис:

- Откако нивните планови се сменија неколку пати поради пандемијата и распоредот на снимање, парот се венча во вила во Тоскана опкружена со лозја и маслинови градини. „Отсекогаш знаевме дека сакаме да се венчаме во Италија бидејќи одењето таму беше нашето прво заедничко патување“, објасни Нина.


Извор: www.magazin.novosti.rs