Се омажи постарата ќерка на покојниот Џеј: Марија во прекрасна венчаница

Добивај вести на Viber

Познатиот пејач Џеј Рамадановски прерано нѐ напушти, а да успееше да го доживее овој момент, сигурно ќе се гордееше со својата миленичка

Ќерката на познатата пејачка Марија Рамадановски реши да му го каже судбоносното да на својот избраник Стефан Давидовиќ.

По убавата врска, двајцата денеска си ја ветија вечната љубов еден на друг во ресторан во главниот град во соседна Србија, а според неофицијалните пишувања на медиуми на прославата треба да присуствуваат голем број гости.


Марија за оваа пригода избрала прекрасна бела венчаница, а во косата имала долг превез.

Малото венче во форма на круна му даде шарм и елеганција на целиот нејзин изглед. Младоженецот избрал светло сив костум, а она што сите го забележале е дека цело време имале насмевка на нивните лица.

Со своето присуство церемонијата ја разубавиле познатата пејачка Мина Костиќ, која дојде во придружба на своето момче и Адил, кој со години е во брак со постарата ќерка на Џеј.


Освен нив, на списокот на гости се најдоа Злата Петровиќ, Ванеса Сокчиќ и многу други.

Џеј почина на 6 декември 2020 година, а да живееше уште малку, ќе му се остварише големата желба - да ги види ќерките среќни со мажите кои ги сакаат.

Неговата постара ќерка со години е во брак со познатиот пејач Адил, со кој има две деца.

Имаа проблеми во бракот пред неколку години, за кои во неколку наврати зборуваше и самиот Џеј, но очигледно успеаја да ги надминат и да продолжат понатаму.


Тие двајца се појавија на свадбата на Марија со своите деца, а една прекрасна фотографија сето тоа го овековечи.


ФОТО: Инстаграм