Се омажија најпознатите сијамски близначки: Нема да верувате со кој влегле во брак и како изгледа нивниот интимен живот (ФОТО)
Сијамската близначка Аби Хенсел се омажи, а светот остана шокиран кога дозна како изгледа нејзиниот брачен живот
Сијамската близначка Аби Хенсел се омажи. Поранешната ријалити ѕвезда, 34-годишната Аби и нејзината сестра Британи станаа светски познати кога излегоа во јавноста со својата приказна и на тој начин на сите им покажаа како изгледа животот на споени близнаци.
Аби се омажи за Џош Боулинг, американски војник, со кого е во врска од 2021 година.
Сестрите на Фејсбук објавија фотографија на која се облечени во нивните венчаници, а Џош стои до нив во одело и ги држи за раце.
Според „Тудеј“, близначките сега се учители во петто одделение и живеат во Минесота, каде се родени и израснати.
Џош објави серија фотографии на Фејсбук на кои е со близнаците, притоа опишувајќи се себеси како „Христијанин, татко, сопруг, војник.“
Британи и Аби се споени близнаци кои имаат ретка форма на споени близнаци што вклучува споено тело со две глави. Тие го делат протокот на крв и сите органи под половината.
Аби ја контролира десната рака и нога, а Бретани левата.
„Луѓето се љубопитни да не запознаат и тоа трае од раѓање, од очигледни причини“, велат сестрите. „Но, нашите родители никогаш не ни дозволуваат тоа да го користиме како изговор. Воспитани сме да веруваме дека можеме да правиме што сакаме.“
При раѓањето, лекарите ја претставија можноста за раздвојување на близнаците. Но, нивните родители, Пети и Мајк, се одлучија против операцијата откако им беше кажано дека има мали шанси двете сестри да ја преживеат операцијата.
„Како би можел да изберам меѓу двете?“, рекла нивната мајка во едно интервју.
А на прашањето каков ќе биде денот кога едната ќе си најде момче, а другата не, татко им одговорил вака: „Тие се згодни девојки. Духовити се. Им оди се, освен што се споени“.
Британи и Аби еднаш изјавија дека имаат интимен живот, дека кога едната кога е со дечко другата става слушалки и ги врзува очите. Но, со оглед на тоа дека го делат торзото и сите витални органи, разбирливо е и двете да се чувствуваат исто, па дури и интимниот чин.