Се ожени со 44 години помлада колешка: За ќерките мислат дека е нивен дедо, а не татко!

Добивај вести на Viber

Даг Оирл, 75-годишен ветеран од воздухопловните сили, има 13 правнуци, но тоа не го спречи да основа ново семејство со Британи Оирл, жена 44 години помлада од него

Британи, која сега има 31 година, имала 22 години и била бремена со детето на нејзиниот поранешен сопруг кога се заљубила во Даг. Тие сега се горди родители на две деца, и покрај тоа што многумина често погрешно мислат дека Даг е дедо, а не татко на нивните ќерки.

Во 2014-та година, Бретани работела во болничката перална, додека Даг бил хотелски техничар. И двајцата поминуваа низ несреќни бракови и често се среќаваа за време на долгите смени, каде што почнаа да се запознаваат и да разговараат.

Британи се сеќава дека Даг ѝ бил омилен колега и дека набрзо почнала да му се доверува за нејзиниот претстоен развод. Нивната врска и поврзаност станаа непобитни.

Даг исто така минуваше низ развод во тоа време, па двајцата се поврзаа поради заеднички прашања. Двојката официјално ја објави својата врска во јуни 2016-та година, и покрај реакциите од семејството и пријателите.

Британи искрено призна дека некои роднини ја нарекувале спонзоруша, но повеќето од нејзиното семејство биле среќни за неа.

Даг и Британи почнаа да живеат заедно, се свршија и се обидоа да имаат деца во 2019-та година. По два спонтани абортуси, тие добија две прекрасни ќерки кои сега имаат пет и две години. Со нив живее и синот на Британи од претходниот брак.

Поради својата возраст, Даг не може секогаш да трча со децата или да игра фудбал, но тој е најдобриот татко и навистина им го дава цел свет. Тој се повлече од работа и стана татко кој останува дома, па се грижи за децата додека Британи работи.

Неговите постари деца на почетокот биле љубоморни бидејќи никогаш не поминувале исто квалитетно време со него, но со текот на времето ја прифатиле Британи и ја почитувале нејзината љубов кон нивниот татко.

Британи истакнува дека се чувствува како дел од семејството во секоја смисла и се надева дека ќе ја подигне свеста за паровите со големи разлики во возраста.

„Не можете да дозволите нешто како бројка да ви застане на патот на вашата среќа. Љубовта што ја имаме Даг и јас е како запален оган", заклучи оваа среќна жена.

Извор: alo.rs

фото: facebook.com/Britanny Euerle