„Се плашев дека ќе умрам“: Трогателна исповед на Лепа Брена за нејзиниот здравствен проблем - „Итно морав да се оперирам, сиве овие години молчев“
Фолк дивата Лепа Брена во 2010 година се соочи со голем здравствен проблем за кој немаше сили долго да зборува.
Брена еднаш за „Блиц“ откри низ што поминала кога дознала дека има големи шанси да заболи од рак.
- За ова зборувам првпат, во 2010 година имав сериозна операција на циста на јајниците. Докторот Саша Љубиќ ми рече да го направам тој фамозен BRCA тест, каде што се покажа дека имам мутиран ген и дека имам големи шанси и можност да добијам рак на дојка. Туморскиот маркер, што го имав во тоа време, беше многу зголемен и итно отидов на операција за циста на јајниците. Секако, за тоа молчев, но морам да ви кажам дека тоа беше многу голем шок за мене – изјавила Брена и апелирала до сите жени да одат на прегледи.
- Жените треба да знаат, а јас тогаш тоа го научив, дека кога BRCA тестот е позитивен, повеќе не смеете да користите никакви хормонски препарати. Почнав да живеам по сите тие правила што ми ги наредија лекарите. Сето ова сега го кажувам токму затоа што со оваа порака сакам да ја подигнам свеста на жените дека треба да направат тест затоа што веднаш знаете дали имате можност да заболите од рак или не. На овој начин можете да си го спасите животот и здравјето бидејќи многу жени заболуваат од рак на грлото на матката, јајниците или дојката без воопшто да знаат од каде доаѓа.
- Молчев сите овие години, до денес. Во исто време, Анџелина Џоли имаше мазектомија на дојка бидејќи беше позитивна на претходно споменатиот тест. Отидов кај професорот Светозар Дамњановиќ, кој ми објасни што и како може да се случи. Ако ми верувате, ден-два не можев да го повторам мојот телефонски број, бев толку шокиранa.
„Се плашев дека ќе умрам“
-Бев многу исплашенa, не знаев за себе. Имав таков страв дека дури нема да можам да ги изведам децата на пат, дека може да се случи се. Ужасни слики ми поминуваа во главата. Сепак, подобро е навреме да прифатите некои тешки факти и да знаете да се борите со нив отколку да бегате од вистината. Луѓето треба да се грижат за своето здравје. Тоа е најважно – изјави тогаш Брена.
Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs