„Се појави на право место, во право време“: Пејачката Александра Јанева му кажа „Да“ на Иван (ФОТО)
Пејачката Александра Јанева го кажа судбоносното „Да“ на својот партнер Иван и тоа во најромантичниот град во светот - Париз. Александра среќната вест, неколку фотографии од моментот на запросување и емотивната љубовна порака, ја сподели со своите следбеници, а честитики пристигнуваат од нејзините колеги, пријатели, соработници семејството и фановите.
-Сакам кога се смееме заедно и кога ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа. Кога и двајцата пуштаме солза на тажни филмски сцени, а ти ја криеш низ насмевка плачко мој најсакан. Кога сакам да сум ти лута, ама не можам и не знам како повеќе од 5 минути, кога не сакаш да се одлепиш од мене исто колку јас од тебе. Се појави на право место, во право време. Јас и ти во нашето време за љубење, напиша Јанева.
Фото:Инстаграм