Животна училница // Приказни
Се појави после три дена мртов пијан: Викторија Лоба за семејното насилство
- 08 Декември, 2018
Во рамките на кампањата #Слушни ја против насилство врз жените и девојчињата, популарната пејачка Викторија Лоба ја раксажа потресната животна приказна на Александра.
- Кога дојдов во Германија, нашата ќерка веќе беше родена. Тој работеше од утро до мрак, а јас се грижев за малечката и за нашиот дом. Една вечер, не се врати. Се појави после три дена мртов пијан. Почна да крши сѐ, да мава со сѐ што ќе му дојде при рака. Си заминав и никогаш нема да се вратам - раскажа Лоба во промотивниот спот.
Вистински приказни за насилство врз жени претходно раскажаа актерките Тања Кочовска и Амернис Нокшиќи и новинарката Анета Кочишки.