Се појавија фотографии на Ѓорѓе Давид од денот пред несреќата: Еве што правел рокерот во Македонија и со кого бил (ФОТО)
Ѓорѓе Давид, рокер и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ доживеа сообраќајна несреќа во која трагично загина жена од Македонија
На социјалните мрежи се појави слика од рокерот со Орце Ѓорѓевски, градоначалникот на општина Кисела Вода, која е направена ден пред оваа страшна несреќа.
Ѓорѓе позираше со градоначалникот со знамето на Македонија, а на другите слики можете да ги видите како зборуваат за концертот што Давид го имаше во Македонија пред несреќата.
- Пријателско кафе со една од најголемите рок ѕвезди на овие простори, Ѓорѓе Давид. - стои во описот на фотографијата.
Да потсетиме, проговори рокерот и ги откри сите детали како дошло до несреќата.
-Така е, се случи несреќа синоќа на 3 километри од македонската граница. Наводно, девојката и нејзиниот сопатник излегле од своето место и влегле на автопатот во спротивна насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетува на автомобил и директно се судира со него. Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговата сопатничка е полесно повредена. Девојката која го возела автомобилот и удрила во нивниот автомобил била згмечена и полесно повредена. Меѓутоа, нејзината сопатничка не - вели Ѓорѓе.
Извор: Курир.рс