Актуелно // Insta вести
Се породи Анѓелка Прпиќ: Актерката роди девојче, кое доби име по нејзина улога во серија
Актерката Анѓелка Прпиќ се породи и роди девојче, а породувањето помина во најдобар ред
Прпиќ на својата наследничка ѝ го даде името Чарна, по улогата во серијата „Жене са Дедиња“ која ја прослави. Актерката и претходно нагласи колку таа улога ѝ го променила животот, и дека времето го дели пред и после неа.
Ова е прво дете кое го донива од врската со партнерот Марко, додека од претходниот брак со Дарио Прпиќ има син.
Инаку, Анѓелка и Марко неодамна ја опремија собата за доаѓањето на бебето. Таа еднаш на својот Инстаграм профил покажа како го уредила катчето за бебето кое е дел од нивната спална соба.
Инаку, Анѓелка секој ден уживаше во бременоста, а на Инстаграм често објавуваше фотографии.
Извор: www.blic.rs