Се породи ќерката на Џеј: Марија Рамадановски на свет донесе ...

Добивај вести на Viber

Марија Рамадановски, ќерката на починатиот пејач Џеј Рамадановски денеска се породи.

Имено, Марија се породила со царски рез и родила девојче, пишуваат српските медиуми.

Марија минатата година се омажи за својот избраник Стефан Давидовиќ.

Парот имаше граѓанска венчавка во ресторан каде се одржа и свадбениот дочек.

Марија реши да го заигра првиот танц со својот избраник на големиот хит на нејзиниот покоен татко.

View this post on Instagram

A post shared by Marija Ramadanovski Davidović (@marija_ramadanovski)



„Штом се опоравам од породувањето, пеам со бендот“

Инаку, ќерките на покојниот Џеј Рамадановски, Марија и Ана, го поддржаа проектот на Александар Радуловиќ Фута за „Djej tribute band“.

Марија истакна дека би сакала да соработува со бендот.

- Дај Боже, со оглед на тоа што сум во поинаква состојба, штом се опоравам се надевам дека ќе бидам дел од тој бенд. Ги поддржувам и тоа е вистински хит. Мислам дека публиката остана желна за тато и неговите настапи, тој и неговите песни ќе живеат преку овој бенд - изјави ќерката на легендарниот пејач, откривајќи како дошло до соработката и дали била изненадена поради тоа.