Се породи Тамара Драгичевиќ: Актерката на свет донесе момче кое доби име со моќно значење

Добивај вести на Viber

Тамара Драгичевиќ се породи, роди син

Актерката Тамара Драгичевиќ денеска се породи и роди син. Популарната актерка со сопругот Петар Бенчина веќе има две деца, ќерката Сташа и синот Лазар.

Тамара Драгичевиќ се породи - актерката сподели фотографија од породилиште.


Таа ја сподели радосната вест објавувајќи фотографија од породилиштето на која се гледа раката на нејзиниот наследник. Познатиот актерски пар за своето трето дете го избра името Борис, што значи воин.

На словенските јазици значи борец, херој и воин, а на турски - волк. Во преносна смисла, Борис е „оној кој е роден да биде борец“, „оној што е силен и jak“, но и „оној што е опасен како волк и секогаш знае што сака“.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot