Се прашувам каков родител сум: Мајка очајна откако го прочита писмото на 15 годишниот син

Никогаш не е лесно со децата

Кога станува збор за родителството, понекогаш може да биде тешко да се знае што е правилно, а мајките и татковците можат да поминат часови, денови, недели и години во агонија околу одлуките што ги донеле и да жалат. 44 годишна мајка на социјалната мрежа „Редит“ тврди дека се нашла во позиција поради која моментално се сомнева во своите родителски способности, пишува Мирор. Таа ја сподели својата дилема и побара совет што понатаму.

Мајката објасни дека нејзиниот син тинејџер побарал од неа и неговиот татко дозвола да оди на психолошко советување уште во октомври. Не сакал да им ја каже причината, но чувствувал дека тоа е нешто што треба да го стори.

- Разговаравме со него и му објаснивме дека ако некогаш треба да разговара за нешто, дека сме тука за него, ќе го слушаме и ќе го сакаме без оглед на се‘ - напишала загрижената мајка.

Сепак, нивниот 15-годишен син отишол на советување. Неодамна, тврди мајката, додека ја чистела неговата соба, пронашла порака што и го скршила срцето. Откако го прочитала, таа не знаела што понатаму.


- Во комодата покрај неговиот кревет, најдов порака со наслов „Како се гледам себеси“. Јас обично не пребарувам низ работите на моите деца без причина, но фиоките на мојот син се полни со ѓубре, бидејќи е премногу мрзлив да ги фрли во ѓубре. Разбирам дека не требаше да го прочитам и дека требаше да го оставам писмото таму и да се однесувам како да не сум го ни видела. Но, го прочитав, а она што го напишал ми го скрши срцето. Тој имаше многу негативни ставови. Напишал дека се чувствува несакан, безвреден и дека создава болка за сите околу него. Тоа ме натера да се запрашам дали, како мајка, сторив доволно за да се чувствува ценет и сакан како личност - напишала жената, истакнувајќи дека сметала дека тој го напишал текстот за советувањето затоа што понекогаш тоа го барале од него.

- Му кажав на сопругот што најдов, а тој смета дека е најдобро само да се преправаме дека не сме виделе затоа што тоа е приватна работа помеѓу нашиот син и неговиот советник и не треба да се мешаме, освен ако не се побара тоа од нас . Но, мислам дека би било добра идеја да разговараме со него за тоа, а можеби и ние тројца би можеле да седнеме и да поминеме низ советување и да му помогнеме да види дека сè што наведе не е точно - напишала очајната мајка.

Корисниците на „Редит“ ја советуваа да не му открива на синот што прочитала, туку да се погрижи да го убеди и увери дека тој е многу сакан.

- Не му кажувај дека си го прочитала тоа. Наместо тоа, кажете му колку го сакате и покажувајте му го тоа секој ден, е еден од коментарите.


Можеби ќе ве интересира:

Синот ми ја откри болната вистина: Мамо, твоите колеги сигурно мислат едно нешто за тебе