Грчкиот град Баргилија на турскиот брег се продава за 6,6 милиони евра.
Некогаш под управа на Атина, Баргилија сега се продава поради потребата да се зачува неговото археолошко богатство.
Истражувачите сметаат дека градот е основан 200 години пред новата ера, кога македонскиот крал Филип со својата војска на ова место побарал прибежиште за време на Критската војна, наведува британски „Телеграф“.
Во британскиот музеј се наоѓаат 56 артефакти пронајдени во овој град.
Градот е понуден на продажба и во 2015 година, но тогаш не е продаден.