Здравје // Совети
Сe ревакцинирала, па се заразила: Д-р Ана Глигиќ раскажа како се изборила со коронавирусот (ВИДЕО)
Српскиот вирусолог Ана Глигиќ која има 86 години се заразила со коронавирусот два дена по ревакцинацијата.
Таа сега се лекува дома, но вели дека поминала тешко.
„Немав висока температура, околу 37, но не можев да дишам. Беше сосема јасно дека итно морам во болница“, раскажа таа.
Во болница 13 дена била на кислородна поддршка, по што го победи вирусот.
„Верувајте ми не можев да изговорам ни три реченици, а да не се заморам. Не можев ниту на нозе да застанам. Не можев ниту да јадам, ме хранеа. Еве, сега веќе можам да се движам сама низ дома, полека, но тргна на подобро“, изјавила докторката.
Таа порачува дека вакцината е единствениот начин да го запреме ширењето на вирусот.