СЕ ШИРИ ЛАМБДА, НОВ СОЈ ПОТВРДЕН ВО 29 ЗЕМЈИ: Научниците ја проучуваат оваа многу позаразна варијанта

Добивај вести на Viber

Светската здравствена организација (СЗО) деновиве посветува посебно внимание на варијантата на корона вирусот Ц37, познат како варијанта од Андите или ламбда, бидејќи доведува до чести инфекции и се јавува истовремено во неколку земји.

Пред една недела, СЗО го класифицираше вирусот како „под опсервација“ (ВОИ, варијанти од интерес), бидејќи беше потврден во 29 земји, а седум од нив се земји од Латинска Америка, Бразил, Колумбија, Еквадор, Мексико, Аргентина, Перу и Чиле, пишува Дојче веле.

Варијантата ламбда прв пат се појави во август 2020 година во Перу, а скоро една година подоцна, тој вид доминира таму со 82 проценти, додека во Чиле во моментов предизвикува секоја трета инфекција.

Детали на Фактор, тука.