Сè што прават - прават за себе: Кеба отворено за разводот на Северина и Игор
Шпекулациите дека на бракот на убавата жена од Сплит и граѓанинот од Белград им завршил од ден на ден стануваат сè погласни, а еве што вели
таткото на Игор Којиќ и познат српски пејач за тоа.
Според тамошните медиуми, соседите на Којиќ тврдат дека одамна не ја виделе Северина. Драган Којиќ Кеба, свекорот на популарната пејачка, истакнува дека тој не се меша во бракот на неговиот син.
- Не знам каде се, ниту знам каква е нивната врска. Тие се возрасни луѓе и претпоставувам дека знаат, и тие секогаш знаеја што да прават. Од друга страна, сè што прават, тие си прават на себе - рече Кеба за Ало.
- Ако ме прашате, љубовта никогаш не треба да се објаснува, ниту може да се објасни. Никогаш не го користам зборот како оружје, ниту за одбрана, ниту за напад, па така ќе биде и овојпат. Сè постои во моето срце и само љубов може да се почувствува таму, и што ќе биде, нека биде. Само нека бидат живи и здрави и Господ нека им ја даде целата благодат и среќа во животот - истакна пејачот.
Можеби ќе ве интересира:
Бев без симптоми, а некои мои пријатели умираа од болка: Северина за искуството со коронавирусот
(ФОТО) Јас сум девојка од село: Северина во досега невидено издание