Се сомневала дека има труење со храна, а всушност ги одбројува последните денови од животот: Ги имав овие 10 симптоми и само 26 години, а сега го чекам крајот
Медисон Балој е 26-годишна Американка која се бори со рак на дебелото црево во четврта фаза. Според лекарите, и остануваат уште неколку години живот. Медисон на социјалните мрежи откри дека ги игнорирала предупредувачките знаци кои постојано ги добивала. Отишла на лекар затоа што се посомневала на труење со храна, а потоа дознала дека станува збор за рак на дебелото црево кој бил во напредна фаза.
Симптомите кои ја мачеле биле: губење на косата, болки во стомакот, гадење, губење на тежина, прекумерен замор, апатија, ниско либидо, недостаток на апетит, чувствителност на светлина и промени во изгледот на столицата.
- Симптомите на рак на дебелото црево може да бидат многу суптилни и лесно да се помешаат со симптоми на други, помалку опасни болести. Важно е да се истакне дека повеќето луѓе кои ги имаат овие симптоми немаат рак на дебелото црево, но симптомите не треба да се игнорираат - изјави еднаш д-р Белинда Грифитс.
Инаку, Медисон направи листа од 20 желби кои сака да ги исполни. Вклучува свадба и тетоважа на портретот на нејзината баба, од кои некои веќе има постигнато. Медисон имала силна желба да го запознае познатиот готвач Гордон Ремзи. Тој ја поканил Медисон во Мајами, каде таа беше гостин на отворањето на неговиот нов ресторан. Медисон рече дека тоа била „најдобрата ноќ во нејзиниот живот“.
Ракот на дебелото црево обично се развива кај луѓе постари од 50 години. Како што покажува примерот на Медисон, и помладите луѓе се разболуваат. Експертите истакнуваат дека инциденцата на рак на дебелото црево се зголемува веќе неколку години. Брзата дијагноза на болеста е од клучно значење. Ако се открие во рана фаза, има добри шанси за ефективен третман.
Фото:Интаграм
Извор: Kurir.rs