Се укинува задолжителното носење маски на отворено: Бугарија од денеска ги олабавува мерките

Добивај вести на Viber

Во Бугарија од денеска почнува постепеното олабавување на мерките кои се на сила во насока на спречување на ширење на корона вирусот. Рестораните од денес повторно се отвораат, но само оние со отворени површини - тераси и градини. Нивното фиксно работно време е од 6.00 до 23.00 часот.

Киносали, театри, музеи, библиотеки, галерии и циркуски претстави ќе примат 30% од својата публика. Истиот услов се однесува на часови по танц, креативни и музички уметности, како и спортски сали и пливачки комплекси.

Градинките ќе бидат отворени во понеделник, на 5 април, а од 12 април - по крајот на пролетната пауза, учениците се враќаат во училниците според распоредот подготвен од Министерството за образование и наука.

Олеснувањето на мерките нема да важи за големите трговски центри. До 12 април, продавниците со површина од над 300 квадратни метри, кои нудат непрехранбени производи, имаат право да работат со клиенти само на отворените простории на продавницата.

Ноќните клубови остануваат затворени до крајот на април.

Дел од локалните власти донесоа и одлуки за укинување на задолжителното носоење маска на отворено, па така од денеска во приморскиот град Бургас граѓаните веќе ја немаат оваа обврска.