Се вери синот на Јелена Бачиќ Алимпиќ: Писателката ја покажа новата снаа и призна дека најпрво ѝ било тешко да ја прифати

Водителката и писателка е пресреќна со изборот на нејзиниот единствен син.

Синот на Јелена Бачиќ, Алимпиќ неодамна ја запроси својата избраничка Антонина, а поранешната водителка во оваа прилика ја изрази својата среќа преку социјалните мрежи.

- Мојот број еден. Сè уште се сеќавам кога првпат го изговори зборот „мама“. Се сеќавам на секој пораснат заб, првите чекори, непроспиените ноќи, сите радости, грижи, таги, детски болести, нервози, читав и раскажував приказни за добра ноќ, падови, кршење раце, нозе, затоа што беше непослушен, но и секогаш нежен, емпатичен, полн со љубов што таа ни ја возвраќаш и денес - напиша писателката на Инстаграм. 


-Те сакам, синко мој,  среќна веридба и иден живот, а на снаата ќе ѝ посветам особено внимание на следниот пост... Ти стана токму човекот каков што посакувавме да бидеш. Искрен, успешен, свој! Здравје, љубов и среќа нека ве следат засекогаш, и знам дека ќе е така, затоа што јас сум тука... Секогаш и засекогаш“.


- Признавам, најпрво бев недоверлива, бидејќи, Боже мој, тој е „син единец, мајкин син“. Потоа Антонина заплови во неговиот, наш живот, и иако на почетокот ми беше тешко да прифатам дека некој би го сакал како мене, дека друга жена ќе биде до него кога не сум јас, со време сфатив колку сум благословена со мојата идна снаа и Дај Боже, мајка на моите внуци - рече Јелена со фотографија од идната снаа. 

*Јелена со снаата, синот и ќерката

- Ти благодарам ангелу, убава моја, за љубовта, трпеливоста и разбирањето. Ти благодарам Билјана што роди такво богатство. Ви благодарам што го сакате мојот син и пресреќна сум што наскоро Антонина ќе го носи неговото презиме. Но, од секое име или презиме, душата е поважна и пред се' - заклучи Бачиќ Алимпиќ.

извор:stil.kurir.rs

Поврзани вести:

(ФОТО) 8 часа јадам, 16 гладувам: Јелена Бачиќ Алимпиќ се здебели како никогаш досега и се стави на режим

Смртта на татко ми ме натера да пишувам: Интервју со Јелена Бачиќ- Алимпиќ