Се заљубиле во црква, а деталите се преслатки: За овој фудбалер велат дека е најубавиот Хрват, а неговата сопруга е чудо (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Оваа убавица, некогаш успешен супермодел, денес дизајнерка, важи за кралица на сопругите на хрватските фудбалери

Повеќето од згодните хрватски репрезентативци, за жал на дамите, се зафатени, а меѓу нив е и еден од најатрактивните - Матео Ковачиќ, играч од средниот ред на лондонскиот „Челзи“.

Додека воодушевува со своите настапи во Доха, Ковачиќ го поддржува сопругата Изабел, можеби најпознатата од сите сопруги на хрватските фудбалери..

View this post on Instagram

A post shared by Mateo Kovacic (@mateokovacic8)



Таа ужива во топлите катарски денови, шампањот и одличната игра на избраникот, а друштво на прекрасните плажи ѝ прави синот Иван, кого Матео и Изабел го добија пред една година.

View this post on Instagram

A post shared by (@izakova)


Инаку, Изабел некогаш беше многу успешна манекенка, денес е моден дизајнер и претприемач, кој зад брендот за детска облека „lunilou“, а интересно е што нивната љубов не започнала кога и двајцата биле големи ѕвезди.

Имено, Матео и Изабел се запознале на неделна миса, кога фудбалерот, тогашен свештенослужител во католичката црква, забележал девојка со хипнотизирачки глас, која пеела во хорот „Лилиум“.

View this post on Instagram

A post shared by Mateo Kovacic (@mateokovacic8)


Набрзо стапија во врска и беа еден покрај друг во најважните моменти, а судбоносното „да“ го кажаа на 17.06.2017 година во парохијата „Антун Падовански“. На венчавката за нив пееле поранешните колеги на Изабел од црковниот хор.

Двојката успеа да ја сокрие бременоста на Изабел од очите на јавноста до самиот крај, а малиот Иван им се придружи на 12-ти октомври 2020-та година.

View this post on Instagram

A post shared by Mateo Kovacic (@mateokovacic8)


Тие сè уште се вљубени како првиот ден, и често преку социјалните мрежи си изјавуваат љубов еден на друг и покажуваат колку е идиличен нивниот заеднички живот.

Извор: glossy.espreso.co.rs