Се запознале на Инстаграм, нејзината ќерка ја смета за своја: Љубовната приказна на Саша Ковачевиќ и Зорана

Саша Ковачевиќ важеше за голем заводник, сè до пред пет години откако стапи во врска со убавата Зорана Тасовац

Саша и Зорана се во врска од 2017-та година, а како што еднаш раскажа пејачот се запознале преку Инстаграм.

Саша ја опиша Зорана како една од најдобрите личности што ги запознал.

„Таа е навистина прекрасна личност, има многу фактори кои ми се допаѓаат кај неа. Мислам дека е првенствено една од најдобрите личности што сум ги запознал. Ја красат многу убави нешта", изјави со насмевка во една прилика.

Дека ја сака како првиот ден покажа и со својата најнова објава на Инстаграм, односно две заеднички фотографии на кои напиша дека таа е неговиот доживотен Валентајн.

View this post on Instagram

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)


Убавата девојка ги прифати сите предизвици од врската со популарниот пејач и му е голема поддршка во работата, а нивниот квалитетен однос се должи пред сè на нивната искрена љубов.

„Таа ја разбира мојата работа и тоа е нормално. Она што нè одржува е дефинитивно љубовта на прво место, како и сè што оди заедно со неа, што е од суштинско значење за да успее врската. Што се однесува до мене, оваа врска е најпријатна за мене од секој сегмент и навистина не би ја менувал за ништо“, изјави претходно Саша Ковачевиќ.

„Јас и Зорана живееме како да сме во брак. Нашата венчавка ќе биде интимна, на егзотична локација далеку од Србија. Хартијата не ми е важна, но дефинитивно планирам да се венчам", призна неодамна Саша.

View this post on Instagram

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)


Зорана Тасовац зад себе има еден брак, со белградскиот угостител Богдан Срејовиќ, кој до неодамна беше во центарот на вниманието поради врската со пејачката Цеца Ражнатовиќ. Од тој брак, Зорана ја доби ќерката Искра, а Саша од првиот ден ја прифати нејзината наследничка како свое дете и двајцата се многу приврзани еден за друг.

Извор: lepaisrecna.mondo.rs