Се зависи од должината: Најлесен начин да одлучите кои чевли да ги комбинирате со здолништа или фустани!
Купивте ново парче облека, но се уште не сте сигурни со кои чевли треба да го комбинирате. Не грижете се...
Конечно
стигнаа сончевите денови и топлото време за омилените здолништа и фустани. Разлетани,
плисирани, тесни, шарени, сè зависи од вкусот, но кои чевли да се носат со тој
стајлинг? Сето тоа зависи од должината на здолништето / фустанот.
Доколку должината на здолништето /
фустанот е над колената
Постои непишано правило, а тоа е - колку е пократко здолништето или фустанот,
толку е пониска петата. И ова се однесува особено на секојдневните
комбинации за работа и факултет. Замислете минијатурна сукња и вртоглави
потпетици, не е баш во мода, нели?Затоа, комбинирајте здолништа и фустани со
должина над колена со балетанки и мокасинки, како и некои тренди
патики. Меѓутоа, ако не можете да издржите без потпетици, изберете го
исклучително популарниот модел kitten-heel, со мини петица до 4,75 центиметри
или сандалки со дебела штикла.
Доколу должината на здолништето / фустанот
е преку колената
Миди здолништата дефинитивно изгледаат фантастично со обични бели патики во секое време и прилика, но со таа должина можете да си изберете и убави потпетици. Без оглед на тоа дали ќе се одлучите за откачена платфора, тенка или класична салонка, секако ќе изгледаат подобро на комбинација која го покрива поголемиот дел од ногата.