Се зборуваше дека се разведуваат: Бали бег приреди несекојдневно изненадување за годишнината на сопругата

Актерот познат по серијата „Сулејман Величествениот“ не крие дека е лудо заљубен во својата сопруга, а со нов гест им покажа на сите оние кои се сомневаа во нивниот брак дека не се во право.

Турскиот актер Бурак Озчивит (36) и неговата сопруга Фахрије Евчен (35) веќе подолго време се мета на турските медиуми, кои пишуваат дека бракот им се распаѓа, дека нема да траат долго. Деновиве, парот им даде причина повторно да напишат, бидејќи докажаа дека уживаат во бракот, дека се среќни и дека никој не може да ги раздели.

View this post on Instagram

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)



Двојката се венчаше во 2017 година и сега тие ја слават четвртата годишнина од бракот. По тој повод, Бурак подготви изненадување за избраничката на неговото срце. Извор близок до парот изјавил дека актерот и направил раскошен огномет и ја извадил од дома, а разни бои биле „расфрлани“ на небото, пишува Супержена.

„Беше многу романтично, сите соседи излегоа надвор и гледаа што се случува. Двајцата се бакнаа на тремот, а тој и шепотеше колку ја сака“,  рекол изворот.

Изворот тврди дека Бурак ја носи својата сопруга на патување, а каде точно - тоа е тајна!

Додека го обвинуваат дека ја изневерува сопругата Фахрије: Бали Бег ѝ посвети најубави зборови за роденденот