Седа коса од средно училиште: На 40 години реши да престане да ја прикрива и да му покаже на светот дека е во ред да имате бели влакна

Добивај вести на Viber

Се сретна со група жени преку Интернет, кои ја убедија дека нема од што да се срами, па реши да се збогува со прикривањето и да престане да ја бојадисува и да ја крие својата природна коса.

Витни Лихт (40) од Калифорнија започна да ја прикрива побелената коса во средно училиште, па мораше да оди на фризер за корекција на секои три недели, а оваа рутина траеше повеќе од 20 години.

Половина живот се срамеше од нејзината седа коса, сѐ до пред две години кога на Инстаграм најде група жени кои го имаа истиот проблем, но тие не се срамеа од нивната седа коса, туку се охрабруваа едни со други.
Во октомври 2019 година, Витни реши да се збогува со фарбите за коса и штетните хемикалии кои ги нанесуваше на главата повеќе од две децении, па конечно дозволи нејзината природна боја да расте и да заблеска.


Сега Витни гордо споделува фотографии со побелената коса на Инстаграм, а нејзините објави ги следат 38.000 корисници кои ѝ испраќаат охрабрувачки пораки секој ден.

- Сфатив дека се срамам со години затоа што се плашев од туѓите коментари - изјави таа за „Метро“. Таа исто така рече дека запознала еден куп одлични луѓе кои ја убедиле дека нема од што да се срами, па реши да се збогува со фарбите за коса.


- Отсекогаш мислев дека мојата коса под таа фарбата е бела и грда - рече таа, но потоа додаде дека е изненадена што нејзината коса е всушност две различни сиви нијанси, а за да биде работата уште подобра, косата почна да се витка откако престанала да ја бојадисува. Секој што е во слична ситуација и се срами од својата седа коса, без оглед на возраста, Витни го советува да не врши притисок врз себе и да ја остави косата, каква што е, да расте.

View this post on Instagram

A post shared by Silverstrandsofglitter (@silverstrandsofglitter)


- Важно е само да се сакате себеси и да се чувствувате добро во вашата кожа и да разберете дека сите ние различно се справуваме со нашите комплекси - рече Витни, истакнувајќи дека ѝ е жал што порано не го сторила тоа.

извор:direktno.rs
ГАЛЕРИЈА: