Седи си дома со цртаниот филм Јана и учи математика со мечето Теди!

Добивај вести на Viber

Просветно дело како општествено одговорна компанија се грижи за децата и во вакви вонредни услови. Во фаза кога се прекина наставата и кога сите деца се дома, наоѓаме начин да го осмислиме нивното време. Да се задржи вниманието на децата, времето во текот на деновите мора да им биде интересно, забавно и креативно.

Целата училишна продукција од Просветно дело, која децата секако ја имаат по дома, може да им биде од полза за пополнување на времето додека се во затворен простор и им е забрането секакво движење надвор од домот. Сликовниците, боенките, енциклопедиите, тин романите и другата популарна литература ќе им помогнат за поинтересно пополнето време.

Секако тука се и едукативните цртани филмови „Јана“ кои Просветно дело ги создаде токму за младата популација. Тие се во неколку епизоди, со главните ликови Јана и Филип кои ве водат низ содржините на епизодите. Интересни, забавни, колоритни, содржајни и едукативни. Дијалозите во цртаните се на литературен македонски јазик, ликовите се современи и оригинални и како осмислена цртана композиција се исклучително привлечни и симпатични. Во цртаните се вклучени сегменти од математиката: броеви, собирање, пребројување, потоа бои, загатки и сл.

Цртаните филмови можете да ги гледате на јутјуб-каналот Јана! Гледајте, уживајте и поминете максимално забавно време дома!

Сличен концепт се и видеата за мечето Теди на јутјуб-каналот на Просветно дело. Мечето упатува на едукативна забава за броевите, формите, боите, буквите, на цртање, боење, поврзување, дополнување…

На мечето Теди друштво му прават и диносаурусот Дино, убавата принцеза, роботот, умното зајаче и храбриот коњаник во дополнување на активностите. Симпатични се и навистина ќе ви биде интересно ако се дружите со нив.