Седум работи кои автоматски внесуваат негативна енергија во вашиот дом
Само мали промени во семејниот дом може да донесат сериозни позитивни енергии и благосостојба.
Многу често не сме ни свесни дека одредени предмети се всушност „крадци на енергија“ кои ни ја крадат позитивноста и ни го загрозуваат мирот и хармонијата,
Како во вашиот дом и семејство би завладеала само позитивна енергија, Фенг шуи препорачува да се ослободите од овие навики: Ова е една од првите работи на кои фенг шуи експертите предупредуваат. Во аглите од собата има позитивна енергија која вие ја правите негативна со тоа што ја блокирате со валкани и расфрлани алишта. Подобро е да имате корпа во која ќе ги ставате алишатата. Било пред која врата од домот, наредени чевли не носат ништо добро. Ставајте ги ви кутии или плакари. Весниците фрлете ги во ѓубре, веднаш штом ќе ги прочитат. Ако собирате списанија или книги, чувајте ги на полиците, а не на подот или агол од собата. Расфрлани низ собата, овие објекти ќе донесат лоша енергија. Скршени садови носат лоша енергија на секој кој го користи, според фенг шуи експертите. Подобро е нов и евтин сет чинии, отколку скап, но уништен.. Употребата на вакви садови може да донесе лошо влијание во кариерата или финансиите. Не дозволувајте теглите со ориз, сол и шеќер некогаш да останат потполно празни. Полиците со празни тегли во кујната влијаат на среќата и хармонијата во семејството. Дрвени греди се еден од омилените елементи во домовите. Меѓутоа, никогаш не го ставајте креветот на кој спиете или софата во дневната соба под греда. Кога служите храна погрижете се да има повеќе од доволно храна во чинијата на секој кој јаде. Недостиг на храна значи и недостиг на благосостојба. А доколку ви остане, секогаш имате можност да нахраните некое животно.1. Валкана гардероба во аголот од собата
2. Чевли наредени пред вратата
3. Куп на стари весници, списанија, весници и книги
4. Испукани или оштетени плочки, чинии и чаши
5. Празни тегли ориз, сол и шеќер
6. Седење или спиење под греда
7. Мали порции во чинијата