Сеф со пари пронашле во својот двор
Брачен пар од Њујорк во дворот пронашол метален сеф полн со злато, дијаманти и пари.
Но, на крајот сфатиле дека 52.000 долари, кои исто така ги пронашле во закопаните работи, им припаѓаат на нивните соседи кои биле ограбени пред седум години.
Богатството во својот двор Метју и Марија го пронашле кога изнајмиле работници да им засадат ново дрво.
Тие живеат веќе четири години во тој дом, потполно несвесни за тоа што се крие во нивната градина.
Дури кога елен ги изел остатоците од старото дрво, тие здогледале метална кутија.
Работниците ја извлекле кутијата, а внатре се пронајдени златни прстени, како веренички прстен и монети од по 100 долари.
„Беше неверојатно. Внатре имаше и хартија со адресата на нашите комшии. Тропнав на нивната врата и ги прашав дали некој ги ограбил, а тие одговорија потврдно. Госпоѓата беше во шок“- вели Метју.
Грабежот се случил во 2011 година, а соседите на кои им е вратен накитот не сакаа да го откриваат својот идентитет.