Сегашниот вереник го запознала на сопствената свадба: Му донирала бубрег и сега ја имаат најневеројатната љубовна приказна

Добивај вести на Viber

Фото: Kerry Swinton / SWNS / SWNS / Profimedia

Кери по неколку години се разведе од својот прв сопруг и најде нова љубов кај еден од гостите на сопствената свадба

Кери Свинтон (46) ја раскажа својата неверојатна љубовна приказна, која започна на денот на нејзината венчавка.

Имено, Кери во 2011-та година се омажи за сега поранешниот сопруг, а на нејзината венчавка го запозна неговиот пријател Марк Тејлор (52), кој сега ѝ е вереник. Необичниот пар дури има и заедничка фотографија од свадбата на Кери.

- Не ми се верува дека ова се фотографии од мојата свадба. Марк тогаш беше во врска со сестрата на мојот поранешен сопруг – изјави Кери, а потоа призна дека отсекогаш ѝ се допаѓал.

Кери, како и Марк, е разведена, а од првиот брак ја има ќерката Анабел (10).

Повторно се сретнале кога на Кери ѝ бил потребен транспорт по пијано, а потоа ја нашла рекламата на Марк во која се нудат транспортни услуги. Почнаа почесто да се слушаат и меѓу нив се роди љубов.

Марк веднаш по започнувањето на врската заболел од полицистични бубрези, а неговата состојба драстично се влошила. За среќа, Кери била идеален донатор и решила да му даде еден од нејзините бубрези.

Фото: Kerry Swinton / SWNS / SWNS / Profimedia


- Му го дадов срцето, сега го има и мојот бубрег! - се пошегува таа.

Двојката добро се опорави по комплицираната процедура и наскоро планира свадба.

Извор: stil.kurir.rs