Сека Алексиќ го исполни ветувањето: Го придружуваше злоставуваното девојче од Врбас

Добивај вести на Viber

Сека Алексиќ го исполни ветувањето дека ќе ја придружува Ромката од Врбас на матура, која беше жртва на врсничко насилство.  Пејачката на својот Инстаграм профил објави слики од Врбас, каде ја пречека семејството на девојче кое поради малтретирање и дискриминација од страна на нејзините врсници, остана без придружба на матура.

Инаку кога медиумите ја пренесоа веста дека учениците од осмо одделение во училиштето „Петар Петровиќ Његош“ му „подарија“ бакарна жица на девојчето со зборовите: „Вашите сигурно собираат бакар, па и ние ќе придонесеме“, а момчето што требаше да биде придружник „исчезна“, рекла Сека додаде дека таа ќе и биде придружничка.

-Јас ќе одам со неа на матура! Каде е таа девојка? – напиша своевремено пејачката на Твитер, а акцијата ја поддржаа и бројни јавни личности како и актерката Амара Мешиќ, која беше придружничка на Секи.

Еден месец подоцна, Сека се појави пред семејниот дом на младите матуранти кои ја донеле неа и нејзината другарка на прославата.

-Сите ние возрасните паднавме на испитот! Миа отиде на матура со другарките, ни останува да се надеваме дека децата ќе бидат многу подобри луѓе од нас, напишала српската фолкерка.


Фото: screenshot