Секое четврто дете е жртва на насилство во училиште
Врсничкото насилство е сериозен проблем во светот, а со него се соочиле 130 милиони ученици на возраст од 13 до 15 години.
Постојат два вида насилство, вербално и физичко.
Истражување направено во 2014 година покажува дека три четвртини од децата барем еднаш се нашле во ситација да озборуваат или да бидат озборувани.
Две третини со погрдни зборови именувале свој соученик.
Физичкото насилство е помалку застапено, но не треба да се изостави.
40% од учениците одговориле дека турнале друг ученик, а а 80% рекле дека во некој случај биле насилници, а во друг случај пак биле жртва на насилство.
Загрижувачки е тоа што секое четврто дете дневно е жртва на некоја форма на насилство.
Општеството е одговорно, како за жртвата така и за насилниците.
Важно е да се едуцираат наставниците, младите, но и родителите.