Секое второ дете дневно на Интернет троши повеќе од 4 часа
Секое второ дете на возраст од 7 до 15 години е на Интернет повеќе од четири часа дневно, според истражувањето на Vip Mobile.
Децата од најраното детство сè повеќе и повеќе време поминуваат најчесто на YouTube, социјални мрежи или играње онлајн игри, и иако се чини дека тоа е првенствено за забава или образовни содржини, Интернетот е исто така, место на неконтролирано ширење и злоупотреба на информации.
„Социјалните мрежи овозможуваат формирање на лажна слика за себе, создавање лажна самодоверба и споредба со лажни слики создадени од страна на други луѓе", вели психологот Ирена Вернер, извршен директор на Психолошко советувалиште „Центар" во Белград.
Еден психолог советува дека со детето се развива однос на доверба, каде што може да им се обрати на родителите, ако има било какви проблеми или прашања. Исто така, советува родителите да научат основни правила и мерки за контрола на безбедноста на децата на Интернет.