Секој маж би ја посакал: Не ѝ пречи сопругот да носи љубовници во домот, сѐ додека е среќен

Добивај вести на Viber

Жената му дозволува на својот сопруг да има љубовници, а поради своите верувања изгубила и некои пријатели.

Моника Хулд е 38-годишна домаќинка и модел на Инстаграм која го посветила својот живот за да го израдува својот сопруг Џон (40). „Поради моите верувања, изгубив некои од моите пријатели од детството бидејќи мислат дека немам достоинство“, изјави Моника во интервјуто за емисијата „Љубов не суди“.

Таа опиша еден типичен ден во кој, како што вели, готви за својот сопруг, ја чисти куќата и вежба. Таа дури и не избира што да облече затоа што Џон го прави тоа. 

„Џон сака јас да се облекувам убаво дури и дома, а не сака да се шминкам кога сум дома“, вели овој шведско-американец. Бидејќи иако повеќето жени не сакаат да им се кажува што да прават или да облечат, таа сака кога нејзиниот сопруг и дава јасни упатства. 

„Кога ги задоволувам неговите желби, тој е среќен, а тоа ме прави среќна“, објасни таа.

Таа му дозволува да носи љубовници

На Џон не му е доста од Моника во кревет, па понекогаш доаѓаат и неговите љубовници.

„Да, тој има интимни односи со други жени, но тоа е навистина мал дел од нашата врска“, тврди Моника. 

„Погледнете како другите цицачи го прават тоа; обично алфа мажјакот го прави тоа со сите достапни женки“, објаснува Џон, додавајќи дека односите со другите женки го прават нивниот брак порелаксиран.

Кога станува збор за интимниот живот на оваа брачна двојка, Моника вели дека во кревет ја „пали“доминацијата на нејзиниот сопруг: 

„Ми се допаѓа кога мажот ја презема контролата и го зема она што го сака“, вели таа. 

„Секогаш сум на располагање за потребите на мојот сопруг и го сакам тоа. Немам проблем со тоа“, вели таа, додавајќи дека многу врски и бракови би биле посреќни доколку повеќе жени мислат како неа.

Фото:screenshot